Саркози можеби повторно во политиката – поради Франција

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози тврди дека не сака да се врати во политиката, но рече дека можеби ќе мора поради Франција, поради сериозноста на ситуацијата, објави неделникот VA (Valeurs actuelles).

– Ќе дојде, за жал, моментот кога прашањето повеќе нема да биде “дали сакате?” , туку “дали ќе имате избор?”, нема да можам и понатаму да си велам дека сум среќен, дека ќе ја водам ќерка ми на училиште и ќе држам конференции низ целиот свет”, тогаш навистина ќе бидам принуден да се вратам во политиката, не од желба, туку од должност, само затоа што се работи за Франција – изјави поранешниот шеф на државата, кој беше поразен од Франсоа Оланд на 6 мај 2012 година, а чии зборови ги пренесе десничарски неделник.

Саркози го спомна и начинот на кој се однесувале кон него кога го испитувале 13 часа за аферата Бетанкур, како и за неговата сопруга, на која и е забрането да пее пет години, пренесоа денес француските медиуми.

Тој, сепак, на прашањето дали сака да се одмазди, рече дека тоа е многу лошо чувство.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз