Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози го критикуваше актуелниот претседател Емануел Макрон за распишување предвремени избори за парламентот, оценувајќи дека тоа претставува голем ризик за земјата и за претседателот.

Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, во интервју за „Журнал ди диманш“ изјави дека одлуката на Макрон може да ја турне земјата во „хаос“ од кој ќе биде тешко да се излезе, пренесува Еурактив.

Зборувајќи за лидерите на десницата, Саркози оцени дека лидерот на Националното собрание, Џордан Бардела е неискусен и дека ќе мора да го компензира недостатокот на искуство, бидејќи никогаш не бил во позиција да раководи со нешто и дека Ерик Чиоти, кој неодамна беше сменет од функцијата претседател на Републиканската партија (ЛР), требаше повеќе да се консултира со сопартијците.

Парламентарните избори ќе се одржат во Франција на 30 јуни и 7 јули, а најновите анкети покажуваат дека во Франција Обединетата левица и екстремно десничарскиот Национален собир би можеле да ја победат коалицијата на претседателот Емануел Макрон.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски