Саркисијан: Турција учествува во етничко чистење во Нагорно-Карабах

Од:

Ерменскиот претседател Армен Саркисијан ја обвини Турција дека директно учествува во конфликтите и етничкото чистење на Ерменците во Нагорно-Карабах, на страната на Азербејџан.

-Конфликтот што избувна на 27 септември нема локален карактер, како што беше порано, во минатото. Ова е сега вистинска војна за која Азербејџан и Турција се подготвуваа долго време. Покрај тоа, Азербејџан и Нагорно-Карабах Карабах имаат различни ставови околу природата на овој конфликт, изјави Саркасијан за агенцијата „Арменпрес “.

„Баку тврди дека ги ослободува своите територии и ги прашувам од кого ги ослободуваат? Ако ги ослободуваат од Ерменците, за тоа има сосема друго име. Ова не е за територијалниот интегритет, туку за етничко чистење. Тие ја сакаат таа територија, но без Ерменци. Тоа е етничко чистење”, додаде Саркисијан.

Ерменскиот претседател истакна дека единствената можност за почеток на преговори е повлекувањето на Турција од конфликтот, поточно Анкара да се откаже од империјалистичките аспирации.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска