Санкт Петербург под масовен напад со дронови

Од:

Санкт Петербург е цел на масовен напад со беспилотни летала, објави денес гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов.

„Утрото на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на голем напад од беспилотни воени возила. Системите за воздушна одбрана се оперативни“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости.

Беглов ги повика жителите да останат дома и да избегнуваат излегување надвор, додавајќи дека се можни прекини на мобилниот интернет.

Аеродромот Пулково е затворен за слетувања и полетувања, според РИА.

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, објави дека се уништени 86 беспилотни летала.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија објави дека вкупно 376 беспилотни летала се соборени над руските региони, Црното и Азовското Море и Абхазија во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

А1он

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Британец со руски шпиони планираше саботажи во фабрики за дронови во Англија

А1он