Сандерс: Апсењето на Стоун нема никаква врска со Трамп

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс денеска изјави дека апсењето на поранешниот политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер, нема никаква врска со првиот човек на САД.

Изјавата на Сандерс следеше неколку часа по апсењето на Стоун, рано утрово во неговиот дом на Флорида од страна на Федералното истражно биро (ФБИ), поради седум обвиненија, меѓу кои и за закани кон сведок и лажни изјави.

Сандерс, во изјава за Си-Ен-Ен не одговори директно на прашањето на кој официјален претставник од предизборниот штаб му е наредено да му даде информации на Стоун за објавите на Викиликс.

Приведувањето на Стоун е по барање на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој води истрага за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година и за карактерот на врските меѓу изборниот штаб на Трамп и Москва.

Стоун ќе биде изведен денеска пред суд.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп