Еден пар сандали и уште неколку лични предмети на таткото на индиската нација ќе бидат продадени на аукција што на 21 мај ќе се одржи во Ладло, на северозападот од Англија.
Како што соопшти аукциската куќа Мулокс, тоа ќе биде една од најголемите збирки на сувенири поврзани со Ганди. Колекцијата опфаќа и писма, фотографии, литографии, аудио снимки, чинии, шапка…
На аукцијата ќе биде ставен и еден шал исткаен од нити што самиот Ганди ги предел, како и документ со неговите последни инструкции, проценет на 40.000 фунти (47.000 евра).