Градот Сан Педро Сула во Хондурас е најопасно место на светот, кое се најде на првата листа на градовите со најмногу насилство. Листата ја направи мексиканската организација Граѓански совет за јавна безбедност, правда и мир.
Во тој град дневно се случуваат најмалку три убиства, а во него „владеат“ банди и нарко картели.
По Сан Педро Сула на листата следат Акапулко во Мексико, главниот град на Венецуела, Каракас, Дистрито Сентрал во Хондурас и Тереон во Мексико
Според податоците од 2012 година во Сан Педро Сула минатата година се случиле 1.218 убиства. Станува збор за еден од најсиромашните градови во државата, во кој дури 70 проценти од жителите се на работ на гладот.
Уличните банди, познати како „мар“ направија синдикати за организиран криминал, додека мексиканските нарко босови купуваат земја и ја регрутираат својата војска од убијци.
Речиси половина од затворениците не се обвинети, а многу од нив чекаат дури и година дена за да бидат сослушани. Полицијата го зеде законот во свои раце, поради што на улиците се уште се води војна.
Десет најопасни градови
1. Сан Педро Сула, Хондурас
2. Акапулко, Мексико
3. Каракас, Венецуела
4. Дистрито Сентрал, Хондурас
5. Тореон, Мексико
6. Масејо, Бразил
7. Кали, Колумбија
8. Нуево Ларредо, Мексико
9. Баркисимето, Венецуела
10. Жоао Песоа, Бразил
Елена Георгиевска