„Сан“: Меј против Брегзит без договор со ЕУ

Од:

Британската премиерка Тереза Меј приватно им соопштила на министрите дека Велика Британија нема да излезе од Европската унија без договор, но се уште не е подготвена тоа јавно да го исклучи како можност, објави британскиот весник „Сан“.

Меј наведе дека со јавно прифаќање на Брегзит без договор ќе остане без главниот адут во преговорите со ЕУ, пишува „Сан“, повикувајќи се на неименувани извори од Кабинетот на британската премиерка.

Изворот, кој присуствувал на состаноците на премиерката и министрите минатата недела, за „Сан“ изјавил дека премиерката Меј „јасно ставила до знаење“ дека нема да оди на опцијата излез без договор.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина