„Сан“: Британската џихадистка „Бела вдовица“ убиена во Сирија

Од:

Сели Џонс, британската џихадистка позната по прекарот „Бела вдовица“, која преку Интернет регрутирала луѓе за членство во Исламската држава, е убиена во Сирија при напад на американски дрон, заедно со нејзиниот 12-годишен син, јави денеска британскиот весник „Сан“.

На Џонс, која има потекло од јужниот дел на Англија и го прифати исламот, британскиот печат и го даде прекарот „Бела вдовица“, откако нејзиниот сопруг Џунаид Хусеин, кој исто така беше екстремист од ИД, бил убиен во напад со беспилотно летало во 2015 година.

Повикувајќи се на неименуван британски разузнавачки извор, кого наводно го известиле американските колеги, „Сан“ наведува дека Сели Џонс и нејзиниот син биле убиени во јуни во близина на сириската граница со Ирак, додека се обидувала да избега од засолниште на ИД во Рака.

Според британскиот весник, американски разузнавачки извори рекле дека не се стопроцентно сигурни оти Џонс е убиена, затоа што немало начин да се земе примерок од ДНК од лице место, но изразиле уверување дека е мртва.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години