Samsung го претстави Galaxy Premier

Од:

Samsung и официјално го претстави I9260 Galaxy Premier – некои велат ова е Galaxy Nexus со малку подобар хардвер и интерфејсот TouchWiz врз Android 4.1.

Телефонот за кој ви напишавме во два наврата, има 4,65 инчен дисплеј, 1280 x 720 Super AMOLED дисплеј, главна камера од 8 МП со можност за правење на видеа од 1080p и предна од 2 МП, 1GB RAM и 8 или 16 RAM внатрешна меморија со можност за проширување преку microSD картичка.

За поврзување, тука се стандардните технологии како Bluetooth 4.0, Wi-Fi, GPS, NFC и батерија од 2,100mAh.

Во однос на процесорот, тој најверојатно е ARM Cortex A9 на 1.5GHz и PowerVR SGX544 графичка.

Како што споменавме порано, телефонот доаѓа со интерфејсот на Samsung и со себе ги носи новите апликации и функции како S Voice, S Beam, Smart Stay, Pop-up Play, итн.

Galaxy Premier ќе влезе во продажба во декември и во Украина ќе почне да се продава по цена од 680 долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска