За време на CES саемот Samsung претстави нов дигитален фотоапарат со ретро изглед кој овозможува фотографирање и снимање на видеа во 3D.
Најголемиот новитет кај NX300 е неговиот NX 45mm F1.8 2D/3D објектив, Ова е првиот објектив со 3D систем кој овозможува фотографирање и снимање на HD филмови со совршен 3D квалитет.
NX300 има ISO осетливост од 100 до 25.600 и целосно нов APS-CMOS сензор со 20,3 мегапиксели кој ги забележува деталите со висок квалитет и овозможува добро избалансирани фотографии и во услови на лошо осветлување.
Фотоапаратот има и Wi-Fi конективност, па корисниците веднаш можат да ги споделуваат фотографиите.