Самоубиство пред зградата на Конгресот во САД

Од:

Во близина на западниот дел од седиштето на американскиот Конгрес во Вашингтон вчера се слушнале истрели од огнено оружје.

Полицијата, која е задолжена за обезбедување на Капитол хил, соопшти дека маж извршил самоубиство.

На местото на инцидентот е пронајдена сомнителна торба, која ја истражувала антитерористичка единица.

Самоубиството се случило во момент кога не се одржуваат седници. Зградата на Конгресот и улиците околу него веднаш биле блокирани од безбедносни причини.

Сепак по извршената двочасовна истрага, полицијата ја укина воведената забрана за движење.

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он