Самоубиствен бомбашки напад во Кенија во пресрет на посетата на Клинтон

Од:

Бомбаш-самоубиец загина кога активирал бомба што ја носел со себе во близина на воздухопловна база на кениската армија во Најроби, при тоа ранувајќи девет други лица.

Меѓу ранетите осуммина се припадници на Вооружените сили на Кенија, а еден е цивил-случаен минувач.

Полицијата соопшти дека цел на нападот, што се случи синоќа неколку часа пред стартот на посетата на американскиот дежавен секретар Хилари Клинтон на Кенија, биле група војници од воена база.

– Напаѓачот беше бомбаш-самоубиец кој се саморазнесе со бомба и претпоставуваме дека цел на нападот била воздухопловната база, изјави полицискиот началник Николас Камвенде.

Клинтон денеска престојува во Најроби каде ќе има одвоени средби со претседателите на Кенија и на Сомалија, Мвај Кибаки и шеик Шариф Ахмед.

Во последнава година во Најроби се случија серија напади, за кои кениските власти ги обвинуваат сомалиските исламистички бунтовници.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“