„Самоодбрана“ ги контролира Славјанск, Краматорск и Грушковка

Од:

Проруските сепаратистички „сили на самоодбраната“ ги контролираат сите објекти во Славјанск, Краматорск и Грушковка, јави утринавава руската агенција ИТАР-ТАСС, пповикувајќи се на изјава на претставникот на прес-службата на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Маљцев.

Претставникот на сепаратистите, информира дека на периферијата на Славјанск нема борби и дека изминатата ноќ минала мирно.

– Постоеше информација дека денеска може да има напад, но, за среќа, се мина добро, рече соговорникот на руската агенција, чиј известувач јавува дека во градот е мирно и дека не се слушаат истрели.

Според Маљцев, сепаратистите во Красноармејска „ја ослободиле зградата на полицијата и покрај неа кренале камп со шатори“ во кои претставниците на т.н. „Доњецка Народна Република“ го информираат локалното население за претстојниот референдум за статусот и за ситуацијата во Доњецката област.

Зборувајќи за Константиновка, Маљцев изјави дека украинските војници, кои дошле со четири оклопни транспортери, вчера пукале врз контролен пункт и дека потоа е водена борба во реонот Червониј. Синоќа Маљцев изјави дека „цела Константиновка е во пламен“ и дека четири транспортери на украинската Национална гарда „веќе се движат кон Доњецк“.

Претставникот на прес-службата на т.н. „Доњецка Народна Република“, Виталиј Иванов изјави дека „привзраници  на федерализацијата на Украина“ вчера ја зазеле зградата на Извршниот  комитет на Ленинскиот реон на Доњецк и дека кај неа на мирен начин „поставиле обезбедување и контролен пункт“.

Иванов изјави дека претставник на властите во разговор со демонстрантите кажал дека  е подготвен на „конструктивен дијалог со претставниците на востанието“.

Исто така, се демантира тврдењето на киевските власти дека кај Доњецк не работи ниту една фабрика.

ИТАР-ТАСС наведува дека вчера демонстрантите во Доњецк го зазеле военото обвинителство, дека обвинителите избегале од зградата, но дека подоцна дежурниот обвинител се вратил и рекол дека е подготвен да „отвори постапка за злосторствата што ги извршиле војниците“.

Руските медиуми го пренесуваат и соопштението на регионалната полиција дека на зградата на градската полициска управа повторно се истакнатаи знамињата на Доњецк и Доњецката област, место претходно истакнатото знаме на т.н. „Доњецка Народна Република“.

Заменик-лидерот на „народното востание во Донбас“, Сергеј Циплаков претходно за оваа руска агенција изјави дека „преземаат контролата врз цел Доњецк и сите административни згради“ и дека „сите преминуваат  на страната на востаниците“, но дека се уште се можни провокации на војниците и припадниците на „Десниот сектор“.

Претходно сепаратистите соопштија дека првиот човек на Доњецк, Александар Лукјанченко, доброволно поднел оставка, но дополнително прес-службата на Градското собрание соопшти дека Лукјанченко и натаму е градоначалник. 

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски