Само третина од Британците дефинитивно би се вакцинирале против Ковид-19

Од:

Само околу една третина од Британците би се одлучиле да се вакцинираат со потенцијалната вакцина против коронавирусот, покажува ново истражување.

Студијата на Кингс колеџот од Лондон објавена во неделата покажува дека Британците кои се скептични во врска со науката и со авторитетите, повеќе биле наклонети да ја одбијат вакцината. 43 отсто од испитаниците рекле дека е прилично сигурно или доста сигурно дека ќе се вакцинираат доколку има достапна вакцина, а 16 отсто одговориле дека за тоа има малку шанси или дека дефинитивно ќе одбијат, додека 11 отсто рекле дека не знаат.

Според професорот Боби Дафи од Колеџот, студијата покажува дека британската влада мора да спроведе темелна и прецизна кампања за борба против дезинформациите. Од 2.327 луѓе кои биле испитани во анкетата, скептицизмот околу вакцината бил поизразен кај луѓето што велат дека носењето маски е лошо за здравјето и дека на епидемијата ѝ се придава преголемо значење.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон