Самитот на Франкофонијата, закажан за ноември во Тунис, одложен за една година

Од:

Осумнаесетиот самит на Франкофонијата, првично закажан за крајот на ноември на островот Џерба, е одложен за една година, „со цел да се овозможи Тунис да може да го организира во најоптимални услови“, се вели во соопштението на Меѓународната организација за франкофонија и Министерството за надворешни работи на Тунис, јави дописникот на МИА од Париз.

– Претставниците на земјите – членки и владите дебатираа отворено за организирање на самитот во Тунис во првично предвидените рокови. Тие постигнаа консензус за потребата да се одложи 18 -тиот самит на Франкофонијата за една година, со цел да се овозможи Тунис да може да го организира ова важно тело под најоптимални услови, се вели во соопштението на ОИФ.

Од своја страна, туниското Министерство за надворешни работи соопшти дека „дискусиите доведоа до консензус на претставниците на земјите – членки во врска со Тунис, домаќин на овој самит, и одложување на датумот на неговото свикување на островот Џерба во 2022 година, со цел да се обезбеди широко учество на највисоко ниво и да не мора да се држи без физичко присуство“.

Одлуката мора формално да се донесе на Министерската конференција за франкофонијата.

Со седиште во Париз, во ОИФ членуваат 88 држави и влади. Мисиите на Франкофонијата вклучуваат промовирање на „францускиот јазик и културна и јазична разновидност“, „мир, демократија и човекови права“ и „поддршка на образованието“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски