Самитот ЕУ-Кина без конкретни резултати, ЕУ бара Пекинг да не ја поддржува Русија

Од:

Како што беше и најавено самитот ЕУ-Кина не беше рутински и не донесе резултати, освен обид за дијалог во контекст на руско-украинската војна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и третиот самит помеѓу лидерите на ЕУ институциите и на кинеската држава беше фокусиран пред сѐ на војната во Украина.

Во име на ЕУ претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побарале од кинескиот претседател Зи Џинпинг да помогне да се стави крај на војната во Украина и да се заштити меѓународниот поредок заснован на повелбите на Обединетите Нации.

-Ја повикавме Кина да помогне да се стави крај на војната во Украина, не може да се биде слеп пред нарушувањето на меѓународното право од страна на Русија, изјави Шарл Мишел.

Тој додаде дека ова значи и дека Пекинг не смее да и помага на Москва да ги заобиколи санкциите на ЕУ.

-Секој обид да се заобиколат санкциите и да и се помогне на Русија ќе ја продолжи војната, ќе доведе до повеќе загубени животи и поголеми економски последици кои не се во ничиј интерес, рече Мишел.

Европската Унија ќе остане внимателна во однос на можна воена помош од Кина кон Русија, рече тој.

Мишел и фон дер Лајен додадоа дека европската јавност ќе го поздрави секој обид од страна на Кина да помогне да се прекине војната.

-Над 40 земји во светот се придружија кон нашите санкции против Русија, ако Кина не ги поддржува, барем нека не ги попречува, нашите граѓани не би имале разбирање за поддршка кон Русија во оваа војна, и тоа би нанело и штета врз репутацијата на Кина, изјави фон дер Лајен.

ЕУ нагласи и дека дијалогот со Кина не значи дека ЕУ и Кина нужно се согласуваат.

Прес конференцијата по самитот ја одржаа само ЕУ челниците, без присуство на кинеската страна, чии ставови во Брисел денес не можеа да бидат слушнати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски