Самит на ЕУ во Франција за ново стратешко позиционирање и Украина

Од:

Шефовите на држави и влади на ЕУ в четврток и петок ќе бидат во Версај, Франција за да разговараат за украинската криза и новото стратешко позиционирање на Унијата. Претходно беше планирано фокусот на оваа средба да биде економската политика, но поради кризата во Украина главна тема е стратешкото ново позиционирање на Европската унија.

„Се договоривме да ја прекинеме зависноста од рускиот гас, нафта и јаглен“, се вели во нацрт-заклучокот од Самитот.

Меѓу другото, се планира диверзификација на снабдувањето со енергија со користење на течен гас, биогас и водород.

Во нацрт заклучокот се вели дека треба да се поттикне и проширување на употребата на обновливите извори на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои