Сликарот Салвадор Дали на вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно и продал лажно влакно од своите мустаќи за 10.000 долари.
Во целиот свој живот Дали не можеше да одолее кога ќе види чек со голем износ – рекла за францускиот магазин ВСД поранешната актерка и пејачка Аманда Лир која некогаш била муза и љубовница на шпанскиот надреалистички сликар.
Раскажала дека Дали еднаш и продал на Јоко Оно влакно од своите мустаќи.
Мислеше дека таа е вештерка и се плашеше дека ќе фрли магија врз него. Ме прати да наберам сува трева и ја стави во убава кутија. Таа плати 10.000 долари. Дали обожаваше да си поигрува со луѓето – рекла таа.
Тој беше мој професор по уметност, мој татко, мој љубовник – се присетила Аманда Лир, која го запознала Дали во 1965-тата година, кога тој имал 61, а таа 18 години.
Салвадор Дали е роден 1904-тата, а починал 1989-тата година.