Саломе Зурабишвили победник на претседателските избори во Грузија

Од:

Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон”, победи на вчерашните претседателски избори во Грузија, освојувајќи речиси 60 проценти од гласовите.

По преброени над 98 проценти од гласачките ливчиња, Зурабишвили го освои мнозинството од гласовите, соопшти Централната изборна комисија.

Сепак, опозицијата и ја оспорува победата.

За ривалот на Зурабишвили, Григол Вашадзе, кандидиран од главната опозициска сила – „Единствено национално движење” на поранешниот претседател Михаил Саакашвили – гласале над 40 проценти од гласачите, при одзив од над 56 проценти.

Синоќа Саакашвили, кој живее во Холандија, ги повика Грузијците да не признаваат резултатите од претседателските избори и од денеска да почнат со „масовна граѓанска непослушност“.

Во видео-порака од Холандија Саакашвили рече: Никогаш нема да ги признаам резултатите од овие избори. Ова денеска не беа избори. Тоа не беше демократски процес”.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски