Саливан: Вашингтон нема да толерира закани од Хезболах

Од:

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска истакна дека Вашингтон нема да ги толерира заканите на либанската милитантна група Хезболах на северот на Израел.

Саливан разговараше во Ерусалим со израелските власти за нестабилната ситуација долж либанско-израелската граница, каде Хезболах ги напаѓа израелските воени позиции од војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, објави АП.

„Таа закана може да се реши дипломатски и не бара започнување на нова војна“, рече американскиот функционер и нагласи дека за таков потег „потребна е не само дипломатија, туку и одвраќање“.

Агенцијата забележува дека во изминатите два месеци, Израел евакуираше повеќе од 20.000 свои граѓани од местата долж границата со Либан, од кои некои посочија дека не планираат да се вратат дома додека борците на Хезболах се распоредени на либанскиот страна на границата, јави Танјуг.

Израел и Хезболах се лути непријатели, кои водеа 34-дневна војна во летото 2006 година, по што илјадници мировници на ОН и либанската армија беа распоредени долж границата, јавуваат американските медиуми.

АП додава дека во текот на тие години границата била главно мирна, освен спорадични инциденти, но се е променето од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Израел ја смета шиитската милитантна група поддржана од Иран за најсериозна закана и проценува дека Хезболах има околу 150.000 ракети и проектили насочени кон Израел.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Саливан: САД ќе работат со сите групи во Сирија, вклучувајќи ги и бунтовниците

САД воведоа нови санкции против Русија

Саливан: САД планираат нови напади против проирански групи

Саливан вети „непоколеблива поддршка“ за Украина