Саливан вети „непоколеблива поддршка“ за Украина

Од:

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на синоќешната средба во Истанбул со средба со шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, вети непоколеблива поддршка на Вашингтон за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Тие разговараа за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје и за континуираната работа на Украина со ОН за извоз на храна, изјави портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон.

Јермак на Телеграм објави дека ја цени воената поддршка од САД и дека двете страни разговарале за натамошна воена помош.

Тој посочи дека „одлуката на Кремљ да ги признае референдумите одржани во привремено окупираните региони бара итна и соодветна реакција на светската заедница“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ