„Сакаа да го убијат Зеленски“: Проектили паднаа врз Киев, советникот на украинскиот претседател со експлозивни тврдења

Од:

Руски ракети утрово го затрупаа Киев. Властите на главниот град рекоа дека ги има вкупно шест, а бројот на жртви и повредени се уште се утврдува. Наводно, целта бил самиот центар на градот, а  Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека единствената цел на овој напад бил всушност убиството на украинскиот лидер. Ракетата паднала недалеку од резиденцијата.

Причинета е и огромна материјална штета, а автомобили горат низ целиот град.

Според јавниот сервис на Украина, се верува дека една од експлозиите се слушнала во близина на железничката станица. Во градот и неговата околина е прогласена воздушна тревога.

Други објавија слики на социјалните мрежи наводно од градот, а некои тврдат дека украинските сили го „собориле ракетниот напад“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека сите служби се на терен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск