Сајтот што требаше да му ги замени социјалните мрежи на Трамп пропадна по само неколку недели

Од:

Блогот на порaнeшниот претседател на САД, Доналд Трамп, пуштен во употреба минатиот месец откако Твитер и Фејсбук му го забранија пристапот, повеќе не работи.

Џејсон Милер, портпарол на Трамп, изјави дека блогот наречен „Од работната маса на Доналд Трамп“ е постојано затворен откако сите постови од веб-сајтот биле избришани.

Според набљудувачите, Трамп не бил задоволен од посетеноста на сајтот и поради тоа што многумина му пишувале подбивни коментари.

-Блогот беше само помошно средство во пошироките напори што продолжуваме да ги правиме, изјави Милер денеска за Си-ен-би-си. Додаде дека ќе има информации и за сите дополнителните такви напори во овој правец.

Трамп беше баниран на Твитер и Фејсбук пред неколку месеци откако продолжи да ги употребува мрежите за пласирање свои ставови, од многумина оценети како лажни, за претседателските избори во 2020 година.

Налозите на Трамп на овие мрежи, следени од десетици милиони корисници, беа главните мегафони за охрабрување на поддржувачите да ја отфрлат победата на Џо Бајден поради наводно фалсификуваните избори. Оттука се пласираа и пораки за насилниот упад на негови поддржувачи во Конгресот кој се случи на 6 јануари при што загинаа неколку лица.

Би можело да ве интересира

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски