Сајбер напад: Русија го украла тајниот распоред на Обама?

Од:

Американските медиуми пренесуваат дека Белата куќа во Вашингтон, била мета на сајбер напад во тек на кој се украдени главно информации кои не се доверливи, но и тајниот распоред за состанок на лидерот на Америка, Барак Обама.

Истражителите од Вашингтон за упадот во безбедносниот систем кој се случи во октомври минатата година изјавија дека за тоа се виновни руски хакери, а се признаваат дека нападот на Белата куќа бил пософистициран од кога било.

Безбедносните служби во Белата куќа во 2014 година забележале сомнителни активности во делот на мрежата, каде што се наоѓаат доверливи податоци, поради што системот повремено го исклучувале за да ја надоградат неговата заштита.

Според наводите медиумите дошле до заклучок дека нападот е изведен од неколку различни компјутери, со цел хакерите да ги прикријат трагите. Сепак истражителите наводно пронашле кодови кои упатуваат на тоа дека хакерите работеле за руската влада.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари