САД започнаа нови напади врз Корасан

Од:

САД започнаа нови воздушни напади против малата, но моќна терористичката групација Корасан во северозападна Сирија.

Корасан е формација од околу 50-тина ветерани на Ал Каеда, кои наводно работат на производаство на бомби, кои планираат да ги поделат на своите борци и да ги испратат во авиони кои сообраќаат кон САД.

Како што пренесе „ВВС“, во последните напади погодени се пет мети на Корасан, меѓу кои возила и објекти на подрачје на Сармаде, во непосредна близина на границата со Турција, за кои се претпоставува дека се места каде што се изработуваат експлозивните направи.

Сириската опсераваторија за човекови права соопшти дека во нападите загинале неколку милитанти, но и две деца, меѓутоа овие извештаи не е можно да се верификуваат.

Доверливи извори тврдат дека експертите на Корасан за изработка на бомби, развиваат уреди кои детекторите на аеродромите не можат да ги откријат, односно дека тие се направени од облека натопена во експлозивен раствор и дека експлозивот го кријат во приватни електронски уреди.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД