САД заоструваат одбранбени мерки во Персискиот Залив

Од:

По неодамнешните инциденти и „блиските средби“ меѓу американската и иранската морнарица во водите на Персискиот Залив, Пентагон предупреди синоќа дека морнарицата на САД ќе преземе „законски дозволени одбранбени мерки“ против бродовите во Персискиот Залив, што ќе се приближат се на помалку од 100 метри од воените бродови на САД.

Вообичаена практика е да се преземат такви мерки за да се отстапи од курсот на бродот што се приближува, предупредување со сирената на бродот, истрелување сигнални ракети и на крајот предупредувачки оган, но да се наведе одредено растојание е нов елемент во изјавата на морнарицата на САД, јавија американски медиуми.

Сепак, 100 метри е мало растојание кога се во интеракција огромни бродови, како што се носачи на авиони или разорувачи.

Со години, морнарицата на САД се соочува со брзи, вооружени патролни чамци на Револуционерната гарда на Иран, кои рутински ја преминуваат насоката на пловидба на бродови во Хормутскиот мореуз, тесен премин во Персискиот Залив преку кој минуваат танкери со околу 20 проценти од вкупната нафта од Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ