САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Од:

Американското Министерство за финансии денеска соопшти дека вовело санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган, поради сомневање дека е вмешан во корупција во Унгарија.

Американското Министерство за финансии го обвини Роган дека ја користи својата позиција за да обезбеди финансиски придобивки за себе и за неговите политички сојузници, соопшти Стејт департментот.

„САД нема да се двоумат да побараат одговорност од поединци, како Роган, кои ја користат моќта на нивната канцеларија за незаконски да се збогатат себеси и своите пријатели на сметка на нивната земја и нивните сограѓани“, изјави претставникот на Стејт департментот Бредли Т. Смит.

Роган е близок сојузник на Виктор Орбан и моментално ја надгледува унгарската тајна служба.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија