САД воведе санкции кон Иран

Од:

САД вчера воведе нови дополнителни санкции за Иран, а на мета се најдоа иранската валута–риал и автомобилската индустрија.

Американскиот претседател Барак Обама воведе еднострани санкции за Иран кои дирекно се однесуваат на трансакции на отворените сметки надвор од државата.

Цел на американските санкции за Иран е валутата да се направи неупотреблива надвор од границите на државата, додека Исламската Република не направи отстапки поврзани со спорниот нуклеарен програм.

Санкциите се однесуваат и на казнување на сите оние кои учествуваат во продажба и услуги поврзани со иранската автомобилска индустрија.

-Се ова е дел од посветеноста на претседателот Обама да се спречи Иран во нуклеарното вооружување, така што се зголемени трошоците кон меѓународната заедница- изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Новите санкции се дел од стратегијата на Вашингтон да изврши притисок врз иранската валута, бидејќи Техеран одбива да се прилагоди на меѓународниот притисок и да ги стави под контрола своите нуклеарни напори.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД