САД во Советот за безбедност на ОН поднеоса нацрт-резолуција со санкции кон Пјонгјант

Од:

САД во Советот за безбедност на ОН поднесоа  нацрт-резолуција за наложување санкции кон Северна Кореја во одговор на истрелувањето на ракетата на 12 декември, соопштија дипломатски извори.

Северна Кореја официјално објави дека извела сателит во орбитата. Западните сили веќе го сфатија тоа како нов прикриен обид на Северна Кореја со балистичка ракета со голем дострел во нарушување на резолуции на ОН.

Новата резолуција, која може да биде едногласно усвоена уште утре, наложува санкции на севернокорејската вселенска агенција, други институции и неколку физички лица, изјави дипломатот, кој побара анонимност.

Таа го осудува истрелувањето на ракета од Пјонгјанг и ја повикува земјата да се воздржи од нови такви обиди, како и да се откаже од својата нуклеарна програма за воени цели.

Нацрт-резолуцијата, поднесена од САД вчера, е резултат на интензивните преговори меѓу САД и Кина по истрелувањето на ракетата на 12 декември.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД