САД ветија награди од 27 милиони долари за информации за шесте лидери на Ал Шабаб

Од:

САД ветија награди од вкупно 27 милиони долари за информации за шестмината лидери на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, информира Стејт департментот.

Награда од шест милиони долари е понудена за информација за Абу Убавда, кој од септември 2014 година ја предводи оваа терористичка група, односно откако во американски воздушен напад беше убиен тогашниот лидер Ахмед Абди Годан, пренесе ДПА.

Пет милиони долари ќе бидат исплатени за информација за Махад Карате, кој го испланирал нападот врз универзитетот во Гариса, во Кенија, во кој загинаа 148 лица. На истата сума е и наградата за други двајца лидери на групата – Маалим Дауд и Хасан Афгоје, а по три милиони долари се понудени за уште двајца нејзини водачи.

„Од 2006 година Ал Шабаб уби илјадници цивили, хуманитарни работници и мировници во Сомалија, Уганда и Кенија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Наградите беа понудени еден ден откако сомалискиот премиер Омар Шармарке во ОН изјави дека Ал Шабаб и се заколнала на верност на џихадистичката група Исламска држава.

– Имаме потреба Советот за безбедност да ја поддржи Сомалија против Ал Шабаб за да и се попречи таа да се реорганизира и да им се заканува на Сомалија и регионот, рече премиерот.

Ал Шабаб е воинствена група, која бара инсталирање Исламска држава во Сомалија. Таа пред 2009 и во 2010 година контролираше значителни територии во централните и јужните региони и дел од Могадишу, но во меѓувреме беше истисната од големите градови.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД