САД уништија пет ирански танкери, Техеран возврати: „Напуштете ги бродовите во Кувајт и Бахреин“

Од:

Соединетите Американски Држави денеска уништија пет ирански нафтени танкери како одговор на новите обиди за ракетни напади врз американски воен брод, соопшти американската Централна команда (CENTCOM).

Според американската страна, нападите следувале откако припадници на Иранската револуционерна гарда во последните денови двапати се обиделе со балистички ракети да погодат американски воен брод. Американската војска соопшти дека бродот успешно ги избегнал нападите и дека нема повредени американски војници.

Во исто време, Морнарицата на Иранската револуционерна гарда ги предупреди екипажите на нафтените танкери во близина на пристаништата во Кувајт и Бахреин веднаш да ги напуштат пловилата, со предупредување дека тие би можеле да бидат цел на одмазднички напади.

Предупредувањето, кое го пренесе иранската државна телевизија, доаѓа по американските напади врз ирански танкери.

Револуционерната гарда ги повика екипажите да ги напуштат танкерите без оглед дали пловилата се закотвени или се наоѓаат на пристаниште, предупредувајќи дека може да бидат гаѓани. Иран ги обвини Кувајт и Бахреин дека им обезбедуваат база на американските сили и дека помагаат во нападите врз иранските пловила.

Американската војска претходно соопшти дека напаѓала ирански нафтени танкери како одговор на ракетните напади врз американските воени бродови. Американскиот командант за Блискиот Исток, адмирал Бред Купер, порача дека доколку Иран продолжи да ги напаѓа американските бродови, Вашингтон ќе наметнува уште поголема економска цена со уништување на ирански танкери.

Иран потоа најави дека планира да прогласи нова „зона на исклучување“ во близина на Ормускиот теснец за пловила што имаат намера да минуваат низ стратешкиот воден пат.

Дополнително, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против нови делови од иранскиот воздухопловен сектор, опфаќајќи повеќе од две десетици комерцијални и приватни авиокомпании, како и странски компании што обезбедуваат услуги за воздушен карго-транспорт.

Мерките се дел од пошироките напори на Вашингтон дополнително да го изолира Техеран и да го ограничи неговиот пристап до меѓународните трговски партнери.

САД и Иран во меѓувреме се борат за контрола и влијание врз Ормускиот теснец – еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта. Пред почетокот на војната, низ теснецот минуваше приближно една петтина од светската нафта.

Техеран сака бродовите да ја користат рутата низ теснецот што ја одредуваат иранските власти, додека САД инсистираат на слободата на пловидба. Ормускиот теснец пред почетокот на конфликтот се сметаше за меѓународен пловен пат.

Најновата ескалација веќе предизвикува сериозни нарушувања во поморскиот сообраќај. Во вторникот низ Ормус поминале само шест товарни пловила, што е значително под десетдневниот просек од 12 пловила дневно.

Би можело да ве интересира

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец