Украинската армија ја употребила ракетата „Патриот“ кога го гаѓала рускиот авион „Иљушин-76“, а можно е да не знаела дека наводно во авионот имало украински воени заробеници, тврдат неименувани американски претставници.
Американските власти нема јавно да коментираат што го соборило авионот, иако некои од нив, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека извештаите за употребата на ракетата Патриот се точни, пишува Њујорк Тајмс.
Американскиот весник нагласува дека не е јасно кој бил во соборениот авион, додека Русија тврди дека во инцидентот загинале 65 украински затвореници и тројца руски офицери.