Стејт департментот соопшти дека трпението на САД кон Иран не е неограничено.
– Нашето трпение „не е безгранично“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
САД му понудија на Иран преговори под покровителство на ЕУ со учество на „шесторката“ меѓународни медијатори. Понудата е сè уште валидна, рече Прајс. Иран сè уште не се согласил да преговара со САД за нуклеарното прашање.
Стејт департментот одби да ги коментира несогласувањата со Иран околу тоа дали некоја од земјите треба прва да направи отстапки за нуклеарното прашање, а според портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, ваквите прашања можат и треба да бидат решени на разговорите.
– Предлогот за преговори е на маса, тој е на маса околу една недела. Прашања како ова најдобро се решаваат во таква средина, рече Прајс.
Постојаниот претставник на Иран во канцеларијата на ОН во Женева, Исмаил Багаи Шамане претходно рече дека повикот на Вашингтон Техеран целосно да ги почитува условите на нуклеарниот договор е апсурден, бидејќи и самите САД остануваат надвор од него