САД тестираа ракета што беше забранета со Договорот ИНФ

Од:

Вашингтон, 19 август 2019 (МИА) – Американската армија тестираше конвенционална крстосувачка ракета земја -воздух, која беше забранета со Договорот за забрана на ракети со среден и мал дострел (ИНФ).

Како што соопшти Пентагон, ракетата е тестирана во неделата од островот Сан Николас во Калифорнија и прецизно погоди мета по 500 километри лет.

Тестираната ракета може да носи конвенционални, но и нуклеарни боеви глави.

САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење.

По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ.

Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски