САД: Стејт департментот го осуди потегот на Врховниот суд во Венецуела

Од:

Стејт департментот на САД го осуди Врховниот суд на Венецуела поради преземањето на функцијата Народно собрание на земјата, нагласувајќи дека тоа е „сериозна пречка за демократијата во Венецуела“.

Највисокиот суд во Венецуела соопшти дека ја презема улогата на Народно собрание. Со оваа одлука на претседателот на Венецуела Николас Мадуро му е овозможено да донесува одлуки за нафтата без одобрување од Конгресот.

– Раскинувањето на демократските и уставните норми во повеќе наврати ги оштетува демократските институции на Венецуела и го лишува правото на народот во Венецуела да ја обликува иднината на својата држава преку избраните претставници, соопшти вршителот на должноста портпаротл на Стејт департментот Марк Тонер.

Тој во името на Стејт департментот ја повика Владата на Венецуела да му овозможи на демократски избраното Народно собрание на Венецуела да ги спроведе уставните функции, да одржи избори колку што е можно поскоро и да ги ослободи сите политички затвореници.

Би можело да ве интересира

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски