Соработници во американските разузнавачки служби на своите колеги во Франција им дале извештај за движење на потенцијалните учесници во минатонеделните теористички акти во Париз.
-САД споделија некои информации со француските разузнавачи кои се обидуваат да дојдат до суштината на она што се случи и кој би можел да биде инволвиран во нападот. Тие информации се поврзани со извештајот за нивно движење – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
За потсетување од 7-ми до 9-ти јануари во главниот град на Франција и неговата околина радикални исламисти убија 17 лица од кои десет новинари во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, тројца полицајци и четири лица во една еврејска продавница во Париз.
Е. Г.