САД со санкции против венецуелски гувернери кои го помагаат Мадуро

Од:

САД денеска воведоа санкции против четворица гувернери од Венецуела кои го помагаат нелегитимниот режим на Николас Мадуро, кој спречи насушно потребната хуманитарна помош да влезе во земјата, соопшти денеска американскиот Стејт Департментот.

Санкции се воведени против Омар Прието, Рафаел Ласава, Рамон Каризалез и Хорхе Гарсија Карниеро, гувернери на државите Зулија, Карабобо, Апуре и Варгас.

-САД нема да стојат настрана додека народот на Венецуела е лишен од основните потреби за живот и страда непотребно. Нашите акции имаат последици, изјавија од Стејт департментот.

САД повторно ги повикуваат властите и безбедносните служби во земјата да дозволат итен влез на храна и лекови во Венецуела и да бидат распоредени низ целата земја.

Се додава дека САД ќе продолжат со преземање на соодветни мерки за промена на однесувањето на одговоорните лице како одговор на влошената ситуација во земјата.

Осум каравани со хуманитарна помош за земјата од вчера се спречени да влезат во Венецуела по наредба на Мадуро, кој смета дека помошта „ќе го донесе и штетното американско влијание во земјата“.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е