САД со план за прекин на издавање визи за седум држави

Од:

Администрацијата на претседателот на САД, планира да вклучи седум држави – Белорусија, Еритреја, Киргистан, Мјанмар, Нигерија, Судан и Танзанија – во својот список за забрана за издавање визи.

Некои земји ќе се соочат со забрани за само одредени категории на визи, објави Волстрит Џурнал. Списокот на земји не е конечен и подлежи на промени според „Политико“

Во интервју за Волстрит Џурнал, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да додаде некои земји на списокот со забрани за патувања, но одби да ги прецизира.

Според „Политико“, објавата се очекува в понеделник.

Ваквиот потег веројатно ќе ги влоши односите меѓу САД и земјите погодени од проширената забрана. На пример, Нигерија – која е најголемата економија во Африка и најнаселена земја на континентот – е американски сојузник во борбата против тероризмот и има голема дијаспора во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски