САД со нови санкции кон Куба

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги забрани крстарењата и образовните патувања на американските граѓани на Куба.

Американското Министерство за трговија од денеска забранува испловување на крузери и други пловни објекти од САД кон Куба.

Крстарењата од САД до Куба почнаа во мај 2016 година за време на мандатот на Барак Обама кој се обидуваше да ги обнови односите помеѓу двете земји и оттогаш над 142.000 Американци го посетија островот.

Советникот за национална безбедност на Џон Болтон уште во ноември најави нови санкции за Хавана, додека забраната за крстарење ја оцени како укинување на изворот на приходи за кубанската Влада.

– Ќе продолжиме да преземаме акции за да го ограничиме пристапот на кубанскиот режим до американските долари, истакна Болтон на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел