САД се повлекуваат од ИНФ

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера најави дека САД од денеска ќе ја прекинат примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Русија предолго го прекршува ИНФ „без да биде казнета, тајно развивала и поставувала забранет ракетен систем, што претставува директна закана кон нашите сојузници и сили во странство“.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна во соопштението дека Америка „целосно го поддржувала“ договорот повеќе од 30 години.

– Но, ние нема да останеме ограничени со условите од договорот, додека Русија лажно ги претставува своите постапки. Не може да бидеме единствена земја во светот која е еднострано обврзана со тој договор или со било кој друг, порача Трамп.

Москва демантира дека го прекршила договорот, со кој на двете страни им се забранува поставување ракети со краток и среден дострел во Европа, кои се истрелуваат од копно.

Со ИНФ забранети се крстосувачките ракети лансирани од земја со дострел од 500 до 5.500 километри.

Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел е потпишан во 1987 година од страна на Роналд Реган и Михаил Горбачов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски