САД се обврзаа да испуштаат двојно помалку штетни гасови до 2030 година

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 50 до 52 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 2005 година, во надеж дека тоа ќе ги охрабри земјите со високи емисии да се посветат на поодлучна борба против климатските промени.

Целта, објавена на почетокот на дводневниот самит за клима чиј домаќин е Бајден, беше поставена затоа што САД сакаат да го преземат глобалното лидерство во борбата против глобалното затоплување откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од Парискиот договор за климатски промени. Бајден официјално ги врати САД во договорот пред два месеци.

Целта, исто така, претставува важна пресвртница во поширокиот план на демократскиот претседател за целосна декарбонизација на економијата на САД до 2050 година, за што тој тврди дека може да создаде милиони добро платени работни места, додека многу републиканци стравуваат дека тоа ќе и наштети на економијата.

Емисиите на штетни гасови треба да ги намалат термоцентралите, транспортот и другите сектори, но Белата куќа не постави специфични цели за тие индустрии.

– Ниту една земја не може да ја реши оваа криза сама и овој самит е чекор кон безбедна, просперитетна и одржлива иднина, порача Бајден на твитер пред самитот.

Новата цел е скоро двојно поголема од ветувањето на поранешниот претседател Барак Обама за намалување на емисиите за 26 до 28 проценти до 2025 година во споредба со 2005 година. Секторските цели ќе бидат поставени во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД