САД се „многу отворени“ за воведување санкции врз руската нафтена и гасна индустрија

Од:

САД се „многу отворени“ за воведување санкции врз руската нафтена и гасна индустрија, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, додавајќи дека се анализира можното влијание врз глобалните пазари и цените на енергијата во САД.

Запрашана дали Вашингтон и неговите западни сојузници ќе воведат санкции за огромниот енергетски сектор во Москва, Псаки во интервјуто за МСНБЦ изјави: „Ние сме многу отворени“.

„Анализираме. Тоа е на маса, но треба да процениме какви ќе бидат сите влијанија“, додаде таа.

Иако, САД се уште не ја таргетирале продажбата на руска нафта како дел од нивните опсежни економски санкции кон Русија поради инвазијата на соседна Украина, американските трговци веќе дејствуваа за да го запрат таквиот увоз, нарушувајќи ги енергетските пазари, наведува медиумот.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека би можела да ја блокира руската нафта доколку Москва продолжи со својата агресија против Киев. Сепак, Псаки додаде дека Белата куќа размислува како тоа би можело да ги потресе пазарите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина