САД сакаат поширок договор со Русија за нуклеарното оружје

Од:

САД сакаат да постигнат поширок договор за контрола на нуклеарното оружје, не само на стратешкото, изјави американскиот специјален претставник за преговори со Русија за нуклеарното вооружување Маршал Билингсли, додавајќи дека и Кина треба да учествува и во преговорите.

Договорот Нов СТАРТ, потпишан од Москва и Вашингтон во 2010 година, со кој се контролира количината на стратешко нуклеарно оружје на двете најголеми нуклеарни сили, истекува во февруари 2021 година.

Изјавата на Билингсли за вклучување на Кина во преговорите, доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го побара истото, но Пекинг одбива, бидејќи има многу помалку нуклеарно оружје од Русија и САД. Вашингтон тврди дека Кина тајно го зголемува дострелот и големината на својот нуклеарен арсенал, додека Москва се залага за мултилатерален договор што би можел да ги вклучи Франција и Велика Британија.

„Она што сакам да кажам е дека сè уште не донесовме одлука,“ рече Билингсле на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можно проширување на Новиот СТАРТ.

Тој вчера го одржа првиот круг преговори со заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Договорено е да се формираат повеќе технички работни групи, додека втората рунда преговори веројатно ќе се одржи кон крајот на јули или почетокот на август, во зависност од напредокот на работните групи. 

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија