САД: Русија прави списоци на Украинци кои ќе бидат убиени или испратени во логори

Од:

Руските сили прават списоци на Украинци кои ќе бидат убиени или пратени во логори во случај на инвазија се наведува во писмото што САД го испратиле со шефицата на Обединетите Нации за човекови права, Мишел Башеле пишува Вашингтон Пост.

Во писмото се вели дека неодамнешни инвормации сугерираат дека се планираат „нови злоупотреби кои вклучуваат таргетирани убиства, киднапирања, неоправдани претворања и мачења“ – се вели во текстот на Вашингтон пост.

Во писмото за кое не се знае кога е испратено, се вели дека цел би биле руски и белоруски дисиденти кои се наоѓаат во Украина, новинари, антикорупциски активисти како и припадници на верските малцинства и на ЛГБТ заедницата.

Писмото се појавува откако претседателите на САД и на Русија, Бајден и Путин начелно се согласија на самит за решавање на украинската криза.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија