САД првпат со напади против „Исламска држава” во Сомалија

Од:

САД соопштија дека извршиле два воздушни напади врз групата „Исламска држава“ во Сомалија. Ова е нивна прва операција против ИД во оваа земја.

„Во координација со федералната Влада на Сомалија, американските вооружени сили нанесоа два воздушни напади против ИД во североисточниот дел на Сомалија, при што беа убиени неколку терористи”, се вели во соопштението на Пентагон.

Беспилотните авиони што ги изведоа овие напади ги погодија своите цели, а во областа немало цивили.

Во март, претседателот Доналд Трамп му дозволи на Пентагон да спроведе антитерористички операции на копно или воздух во Сомалија за да им помогне на локалните власти.

САД распоредија 400 војници во Сомалија, кои се ангажирани во обуката на сомалиските војници и пружаат логистичка поддршка.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев