САД првпат поставија на Балтикот систем за ПРО со ракети „Патриот“

Од:

САД поставија систем за противвоздушна одбрана со ракети „Патриот“ во Литванија. Тоа е првпат таков модерен систем на ПРО да биде поставен во балтичкиот регион, каде Русија има надмоќност во воздушниот простор.

Противракетниот систем ќе биде употребен на воената вежба на НАТО, која почнува денеска и ќе трае до 22 јули, соопшти литванското Министерство за одбрана.

– Поставувањето на овој систем го демонстрира одлучниот ангажман на САД кон безбедноста на Литванија и подготвеноста да се испратат стратешки ресурси во регионот, се наведува во соопштението.

Литванија, Летонија и Естонија имаат само противвоздушни ракети со мал дострел, кои не можат да ги заштитат нивните воздушни пространства при евентуални воени дејства.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски