САД продолжуваат со воздушните напади врз цели на ИД во Сирија

Од:

САД и нивните арапски сојузници синоќа продолжија со воздушни напади врз припадници на екстремистичката група Исламска држава во Сирија, соопшти Пентагон, потврдувајќи дека трет ден по ред се вршат воздушни напади врз цели на сириска територија.

– Можам да потврдам дека армијата на САД и силите на арапските партнери спроведоа нови воздушни напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон, адмирал Џон Кирби.

Авиони од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати учествувале во синоќешните најнови воздушни напади врз цели на екстремисти на ИД. Не е соопштено колку точно авиони учествувале во нападите.

Портпаролот на Пентагон за Си-Ен-Ен изјави дека американските и коалициски сили погодиле 12 цели, вклучително и рафинерија за нафта под контрола на екстремистите.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“