САД продолжија да испраќаат шпионски летала над Црното Море

Од:

САД ги продолжија летовите со шпионски беспилотни летала над Црното Море по инцидентот со руски борбен авион кој резултираше со соборување на американски дрон, објавија американските власти.

Беспилотно летало RQ-4 Global Hawk вчера прелета над регионот, соопштија официјални лица, додавајќи дека тоа е прва таква мисија по настаните во вторникот.

Пентагон претходно нагласи дека инцидентот нема да го спречи Вашингтон да продолжи со летовите со беспилотни летала.

Соборувањето на дронот MQ-9 беше првиот директен американско-руски инцидент од почетокот на војната во Украина и дополнително ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва, кои меѓусебно се обвинуваат.

Русија ги отфрли американските обвинувања дека два руски ловци Су-24 непромислено летале околу американскиот дрон и тврди дека леталото не дошло во контакт, туку дека дронот паднал по „остриот маневрирање“.

Белата куќа во четвртокот објави видео во кое вели дека ја побива руската верзија на настаните и покажува дека дронот паднал во Црното Море откако бил погоден од руски борбен авион.

Би можело да ве интересира

Полицијата во САД идентификуваше жена која беше убиена со чекан па запалена во 1991 година

Катерина Павлова-Николовска

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Ана Ололовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шефот на НАТО: Русија побара од Кина смртоносно оружје

Ана Ололовска

Си Џинпинг: Кина е на вистинската страна на историјата кога станува збор за Украина

Ана Ололовска