САД предлагаат поостри и посеопфатни санкции против Пјонгјанг

Од:

САД ќе поднесат нацрт-резолуција до Обединетите нации во која се повикува на „поостри и посеопфатни“ санкции кон Северна Кореја поради нејзините нуклеарни и балистичките тестови, изјави американскиот амбасадор во ОН, Саманта Пауер.

– Тоа е голем напредок во однос на претходните резолуции за санкциите, изјави Пауер во престрет седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе биде разгледан новиот пакет мерки.

Како што јави Јонхап, Северна Кореја на 7 февруари лансираше ракета со голем дострел со сателит, што беше остро критикувано од соседите на таа земја и од САД и беше означено како обид за тестирање на балистичка ракета.

Пјонгјанг претходно соопшти дека на 6 јануари ја извршил својата четврта нуклеарна проба и оти овој пат станувало збор за хидрогенска бомба.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија